Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, изјавил дека трансферот на Алексис Санчез е невозможен бидејќи Чилеанецот веќе одбрал во кој клуб ќе се пресели по завршувањето на сезоната.
Наредното лето истекува договорот кој Алексис Санчез го има со Арсенал, што значи дека како слободен играч ќе може да замине од Лондон. Арсенал ќе се обиде да го продаде во јануарскиот преоден рок за да може и да заработи нешто од Чилеанецот, но познавачите на приликите во Премиер лигата тврдат дека Чилеанецот нема да се согласи на таква опција.
Баерн Минхен и Манчестер Сити се тимовите со кои најчесто се поврзува напаѓачот, бидејќи тие се обидоа да го обезбедат неговиот потпис и во летниот преоден рок.
Сепак претседателот на Баррн, Румениге, смета дека неговиот клуб нема никакви шанси да го донесе Санчез во јануари бидејќи тој веќе одбрал каде ќе ја продолжи кариерата.
„Мислам дека Санчез веќе има донесено одлука, така што мислан дека за нас таа врата е затворена. Секако и доколку не успееме за нас тоа нема да е голем проблем бидејќи Алексис Санчез не може да биде директна замена за Роберт Левандовски. Тој ене класичен напаѓач“, рекол Румениге.
Претседателот на Баерн најавил дека во јануари клубот ќе се обиде да донесе уште еден напаѓач, кој ќе биде замена за Левандовски.
„Постои можност, но и таа е ограничена. Ако веќе имате еден одличен напаѓач во тимот сигурно е дека нема да откажете од него само поради тоа што некој ќе понуди огромна сума на пари. Ние не сме подготвени да понудиме некоја луда сума за фудбалер, но можеби ќе се појави кандидат за кој не треба да се издвојат многу пари, а би се вклопил во нашата игра“, дополнил Румениге.