Поранешниот претседател на Баерн Минхен, германската фудбалска легенда Карл-Хајнц Румениге вели дека не сфаќа зошто Роберт Левандовски би сакал да направи трансфер во Барселона.
Левандовски потврди дека нема да го продолжи договорот со германскиот шампион, кој му завршува во 2023 година, зголемувајќи ги шпекулациите за трансфер во текот на летото. Барселона се појавува како најзаинтересирана за 33-годишниот Полјак, но Румениге вели дека каталонскиот клуб не би требало да биде поатрактивна опција од Баерн.
„Не можам да замислам што би повеќе би можел во моментов да освои со Барселона отколку со Баерн Минхен. Што може да понуди во моментов Барселона? Не ми текнува ништо, да бидам искрен“, вели Румениге за „Билд“.
Од Баерн инсистираат дека Левандовски ќе го испочитува договорот, и покрај тоа што Чави Ернандез потври дека има преговори со Полјакот.
„Роберт е незаменлив за Баерн. Потребен ви е таков играч, иако ќе наполни 34 години. Никој не гарантира повеќе голови во Европа. Мораме да се бориме за тој да остане со нас“, вели Румениге.