Top Sport

Руни без милост за поранешните соиграчи: Роналдо и Рашфорд треба да се на клупата

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни смета дека новиот менаџер Ерик Тен Хаг мора да ги остави Кристијано Роналдо и Маркус Рашфорд на клупата на утрешното големо дерби против Ливерпул, откако биле катастрофални на првите два меча, поразите од Брајтон и Брентфорд. Двајцата не постигнаа гол во првите два меча, а Рашфорд последен пат беше стрелец во јануари.

„Не би го ставил во игра Кристијано Роналдо, не би го ставил во игра Маркус Рашфорд. Да бев на позицијата на Тен Хаг, најважно ќе беше да има енергија на теренот, а бидејќи немаат нова ‘деветка’, сметаа на Ронаалдо против Брентфорд, иако тој не е подготвен за мечеви. Исто така кажа дека сака д си замине. Не знам зошто, но јас би го пуштил – тој е голем фудбалер и ќе дава голови, но целта на Тен Хаг е да има тим кој ќе се бори за титула за три-четири години, а тоа значи млади фудбалери. За Маркус, мислам дека треба да си најде својата душа и да одлучи што сака да прави, прво за него лично. Загрижен сум кога го гледам – како да сака да биде било каде освен на фудбалскиот терен. Не сум го видел насмевнат долго време. Година дена не го викаат во англиската репрезентација. Тој е фантастично локално момче, кое дојде од академијата и сите сакаме да биде добар“, вели Руни во својата колумна за „Сандеј тајмс“.

Тој исто така беше изненаден од трансферот на Касемиро од Реал Мадрид, бидејќи на клубот му се потребни млади играчи.

„Касемиро нема да игра против Ливерпул, што е штета бидејќи ќе го подобри тимот. Сум играл против него и знам дека ќе донесе карактер, работна етика и квалитет. Но, дали е тој тоа што му е потребно на Јунајтед? Не сум сигурен. Треба да се гледа во иднината. Идеално, треба фудбалери во раните или средните дваесети години, а Касемиро е сличен со Кристијан Ериксен – добар играч, но веќе во години. Френки де Јонг би бил подобро засилување“, додав Руни.

Scroll to Top