Top Sport

Руни: Фергусон имаше самоубиствена тактика против Барса во 2009 и 2011

Вејн Руни го критикуваше поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон за „самоубиствената“ тактика против Барселона при двата порази во финалињата на Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година.

Јунајтед се судри со моќната Барса во две финалиња во Рим и на „Вембли“ во Лондон, и Каталонците двапати славеа (2:0 и 3:1). Руни постигна израмнувачки гол на „Вембли“, но не успеа да додаде нов трофеј од ЛШ по тој против Челси во 2008 година. Руни преку колумна во „Сандеј тајмс“ вели дека Фергусон целосно згрешил во тактиката со тимот на Пеп Гвардиола.

„Секогаш е тешко за клуб како Реал Мадрид да почне натпревар со тактика: ’ќе ја предадеме топката’ и истото е и со Јунајтед. Но, загубивме две финалиња со Барса на Гвардиола со обид да играме пресинг и тоа беше самоубиствена тактика. Се сеќавам дека Алекс Фергусон кажа: ’Ние сме Јунајтед и ќе нападнеме’ и не верував што слушам. Сите фудбалери знаеја дека тоа е погрешна тактика и дека ја напуштаме стратегијата која ни донесе успех во полуфиналето во 2008 и двапати бевме надиграни“, пишува Руни.

Scroll to Top