Top Sport

Руни го убедил Волкот да потпише за Евертон

Тео Волкот открива дека Вејн Руни имал голема улога во неговата одлука да замине од Арсенал и за 20 милиони фунти да потпише за тимот на Евертон.

28-годишниот англиски напаѓач ги реши личните услови со Евертон во вторникот, пред да потпише договор вреден 140.000 фунти неделно.

Кариерата на Волкот во северен Лондон беше „стопирана“ последните години, со сè помалку време во тимот и пред Мундијалот во Русија, тој реши да се пресели во Ливерпул.

„Имав многу разговори со Вејн и тој беше еден од факторите кои ме привлекоа да потпишам за Евертон. Тој ми кажа дека се работи за одлично место за фудбал и клуб кој е во нагорна линија. Тоа се причините поради кои дојдов тука. Ова е клуб со голема историја, фановите се фантастични и страсни за фудбалот и гостувањата на ‘Гудисон’ биле многу тешки“, објаснува Волкот.

Scroll to Top