Поранешниот англиски капитен и напаѓач на Евертон, Вејн Руни покажа дека има големо срце, откако донираше три чекови од по 250.000 фунти од неговата фондација во добротворни цели.
Чековите ги добија НСПЦЦ (Национална заедница за спречување насилство над децата), Клер Хаус болницата во Ливерпул и Алдер Хеј болницата во Ливерпул. 32-годишниот Руни оваа недела ги посети трите места за да ги подели чековите.
Ова покажува една поинаква слика за фудбалерот, кој честопати беше претставуван еднострано во британските медиуми. Руни призна дека бил дел од трагедија, кога помладата сестра на неговата сопруга Колин, почина во 2013 година на само 14 години поради болест на мозокот.
Оваа година, Руни донираше и 100.000 фунти за помош на жртвите од бомбашкиот терористички напад во Манчестер. Секоја чест!