Top Sport

Руни и Виера влегоа во Куќата на славните

Вејн Руни и Патрик Виера, поранешните фудбалери на Манчестер јунајтед и Арсенал, „влегоа“ во Куќата на славните, објави Премиер лигата.

Руни (36) во кариерата бил играч на Евертон, Манчестер јунајтед и Дерби каунти, додека 45-годишниот Виера бил играч на Арсенал и Манчестер сити.

Тие двајца влегоа во Куќата на славните оваа година, а Премиер лигата во текот на денот ќе објави имиња на 25 фудбалери од кои шестмина ќе влезат во Куќата на славните.

Претходно во Куќата на славните влегоа Тиери Анри, Алан Ширер, Ерик Кантона, Рој Кин, Френк Лампард, Денис Беркамп, Стивен Џерард и Дејвид Бекам.

Scroll to Top