Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни е подотвен да го направи камбекот во англискиот фудбал, откако беше именуван за тренер и играч на Дерби каунти и вели дека планира да биде постојан првотимец и не размислува за пензија.
34-годишниот Руни мораше да почека до јануари да заигра за Дерби каунти по крајот на договорот со Ди Си јунајтед, и вели дека ќе игра во второлигашкиот дуел со Барнсли во четврток.
„Потпишав во текот на летото, но вистинските тренинзи почнаа пред неколку недели и сега сум подготвен за игра. Едвај чекам. Моето тело уште е подготвено за игра и додека мислам дека можам да помогнам на тимот ќе играм. Чувствувам дека можам да дадам квалитет и да постигнувам голови. Секогаш сум го следел Чемпионшип и се работи за лига различна од Премиер лигата, прво поради бројот на мечеви. Квалитетот не е на исто ниво, но лигата воопшто не е лесна и секој поен вреди многу“, вели Руни.