Top Sport

Руни: Манчестер сити нема да ги победат Реал Мадрид, ќе ги уништат

Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни смета дека градските ривали Манчестер сити ќе ги декласират Реал Мадрид во полуфиналето ан Лигата на шампиони, верувајќи во целосната доминација на тимот на Пеп Гвардиола.

„Манчестер сити нема да ги победат Реал Мадрид, туку ќе ги уништат. Секако, никогаш не треба да се отпише тим со колективна историја и искуство како Реал Мадрид, но не знам којби се обложил на нив. Ова е гоина на Сити. Како Мадрид ќе го сопрат Халанд? Во Антонио Ридигер имаат одличен дефанзивец кој сака битки еден-на-еден, но нема а има шанси против него. Ако ја освојат и Лигата на шампиооони, тогаш ќе бидат на ниво на тимот на Манчестер јунајтед од 1999 година“, вели Руни, кој сега работи како тренер на американскиот МЛС тим, Ди Си јунајтед.

Првиот меч од полуфиналето се игра во вторник на „Сантијаго Бернабеу“, што ќе биде 11-то полуфинале во ЛШ на Реал Мадрид во последните 13 години. Лани двата тима се сретнаа исто така во полуфиналето, кога Реал Мадрид се врати со камбек во вториот меч – Родриго на две минути пред крајот го однесе мечот во продолженија, а Карим Бензема потоа го постигна победничкиот гол.

Scroll to Top