Top Sport

Руни му помагал на Роналдо со јадење во „Мекдоналдс“

Вејн Руни и Кристијано Роналдо го посетувале ресторанот за брза храна „Мекдоналдс“ ноќта пред натпревари за да се помогне за физичката сила на Португалецот, открива Англичанецот.

Руни, кој сега е играч и тренер на Дерби каунти, открива дека петкратниот освојувач на „Златната топка“, Роналдо не внимавал секогаш многу на својата исхрана како денеска. Руни пристигна на „Олд Трафорд“ во 2004, 12 месеци откако Роналдо дојде од Спортинг Лисабон и тој му бил шофер на Португалецот на тренинзи и на мечеви.

„Кога дојдов во Јунајтед одевме со Кристијано заедно на мечеви и на тренинзи. Се сеќавам дека една вечер застанавме во ’Мекдоналдс’ бидејќи тој сакаше биг-мек. Се обидуваше да стави некој килограм бидејќи беше навистина многу слаб“, вели Руни во интервју за „Тајмс“.

Роналдо и Руни формираа опасно партнерство на „Театарот на соништата“, освојувајќи ја Лигата на шампионите, Премиер лигата и Лига купот, и им „избега“ само ФА купот. По ова, Руни поголемиот дел од кариерата остана во Јунајтед, додека Роналдо замина во Реал Мадрид, каде што освои уште еден куп индивидуални и клупски награди.

Денеска, Роналдо е познат по својот неверојатен фитнес-режим – јаде шест пати дневно, пет пати дневно спие и напорно работи во вежбалната. Руни смета дека ова е неверојатно.

„Со четири деца, навистина не знам како му успева тоа. Роналдо изгледа како милион долари, додека јас никогаш немав најдобро тело, но сепак, играм 90 минути. Немам грижи физички“, вели Руни.

Scroll to Top