Напаѓачот Вејн Руни (33) овој месец се враќа во репрезентацијата на Англија, и тоа со капитенската лента на раката.
Руни се очекува да биде повикан за натпреварот со САД што „Гордиот Албион“ е го игра на „Вембли“. Тоа би бил негов 120-ти натпревар за дресот со државниот грб, најверојатно и последен.
Во кариерата Руни постигна 53 погодоци, а за Англија последен пат настапи пред две години, против Шкотска. Руни е најдобриот стрелец на Англија на сите времиња.