Top Sport

Руни со магичен гол од слободен удар, Дерби со 4:0 победа! (видео)

Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација и легенда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни уште еднаш покажа дека „не е за фрлање“, откако постигна спектакуларен гол од слободен удар при 4:0 победата на неговите Дерби каунти над Стоук во дуелот од англиската втора лига (Чемпионшип).

По 30 кола, тимот каде што прв тренер е Филип Коку, а негов помошник е Руни, е само 10. на табелата со 40 поени, но само седум поени од место кое води во плеј-оф за влез во Премиер лигата.

Scroll to Top