Top Sport

Руни сонува да биде менаџер на Евертон

Иако Вејн Руни не е подготвен да се откаже од фудбалот на 32 години, поранешниот англиски капитен признава дека сонува да биде менаџер на Евертон во иднина.

Руни се врати во својот клуб од детството во јули по 13 години во Манчестер јунајтед, со кои освои пет титули од Премиер лигата, Лигата од шампионите во 2008 година и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Но, Руни уште нема гарантирано место кај „карамелите“ откако Сем Алардајс стана менаџер на „Гудисон парк“.

„Главната работа е што сакам да се обидам како менаџер. Би сакал да останам во Евертон и да имам тренерска улога во иднината. Сакам да останам вклучен со мојот тим, но ако тоа не е можно, ќе ги разгледам опциите. Сакам од следната сезона да почнам да работам со тимот под 14 години да им пренесам малку искуство“, вели Руни во интервју за „Телеграф“.

Сепак, тој нема да се брза со преселбата на клупата, откако оваа сезона има 10 гола во ПЛ, вклучувајќи и гол против Ливерпул на „Енфилд“.

„Очигледно, првата цел ми е да бидам добар како играч во следните неколку години. Потоа се надевам дека таа улога ќе прерасне во нешто друго. Ќе разговарам со клубот кога ќе дојде . Имаше работи кои не ги остварив со Евертон, како тоа да бидам стрелец против Ливерпул. Јас како дете бев навивач на Евертон и секогаш сонував да бидам стрелец на ’Енфилд’. Тоа ми значеше многу“, додава Руни.

Scroll to Top