Вејн Руни, играчот на Ди-си Јунајтед смета дека „Златната топка“ требало да ја добие Кристијано Роналдо, а не Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец ги собра сите награди во 2018 година, тој победи во изборите на УЕФА ФИФА и „Франс Фудбал“.
„Модриќ е фантастичен фудбалер, има одличено завршно додавање и контрола врз топката. Не е брз, но лесно ги минува своите чувари. Сепак не мислам дека на најдобар во светот, но дали ја заслужил наградата? Да, имаше одлична година со Реал и хрватската репрезентација. Меѓутоа јас „Златната топка“ би му ја дал на Роналдо“, рекол Руни во интервју за „ДАЗН“.
Модриќ и Роналдо до оваа сезона беа соиграчи во Реал.