Top Sport

Русија не дозволи победа на Шпанија, Холанѓаните убедливи (видео)

Русија се врати од 2:0 негатива за да извлече 3:3 реми во трилер-пријателски натпревар на „Крестовски“ во Санкт Петерсбург, а Федор Смолов и Серхио Рамос постигнаа по два гола.

Шпанците покажаа некарактеристична слабост во одбраната, пропуштајќи сигурно водство, и покрај тоа што Рамос двапати беше прецизен од белата точка.

Во интересното прво полувреме имаше доста напаѓачки фудбал и по само 9 минути Жорди Алба постигна гол со глава по додавањето на Марко Асенсио. Рамос од пенал го удвои водството, но Русија се врати преку Смолов. Алексеј Миранчук на почетокот на второто полувреме израмни на 2:2 користејќи ја грешката на шпанската одбрана, додека капитенот Рамос повторно ја врати предноста преку пенал. На 20 минути пред крајот, Смолов постигна одличен гол за 3:3.

На „Националната арена“ во Букурешт пак, Дик Адвокат во последниот меч како холандски селектор ги предводеше „лалињата“ до 3:0 победа над Романија. Холандија, која не се пласираше на СП во Русија, доби голови од Мемфис Депај, Рајан Бабел и Најџел де Јонг за сигурна победа.

Scroll to Top