Top Sport

Русите подготвени за „гробарот на Салах“ Рамос и „валканиот“ Коста

Луѓето од шпанската репрезентација се навредени од прес-конференцијата на нивните противници во осминафиналето на Мундијалот, домаќините Русија, откако локалните новинари го нарекоа Рамос „гробарот на Салах“, а немаа и најдобри зборови за Диего Коста.

Кирил Снастин од „Спорт ден за днем“ го нарече Коста „валкан играч“ додека за Рамос беше оставен епитетот „гробарот на Салах“, поради неговиот старт над Египќанецот во финалето на Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Прашањата беа насочени кон Сергеј Игнашевич, кој се обиде да ја намали тензијата.

„Не верувам дека ќе има провокации на мечот со Шпанија, бидејќи сега се користи ВАР системот. Мора да играте повнимателно, и во одбраната и во нападот“, вели дефанзивецот, кој со 125 настапи е најискусниот руски фудбалер.

Шпанија, шампионите од 2010 остануваат непоразени во Русија и покрај тоа што не импресионираа во последниот меч, 2:2 ремито со Мароко, добиено во судиското продолжение. Игнашевич вели дека нема да биде лесно.

„Тие играат ист фудбал како и претходно. Дефанзивците се обидуваат да играат со високи топки, но тоа остава простор за противнапад. Тоа е една слабост која ја забележавме. Мароканците и Иранците го искористија тоа, така што и ние ќе се обидеме да го направиме истото“, додава Игнашевич.

Scroll to Top