Тежок инцидент во кој загинал еден полицаец се случил синоќа во Билбао, пред почетокот на реванш натпреварот помеѓу Атлетик и Спартак Москва во Лига Европа.
На улиците на Билбао настанал вистински хаос кога, како што пишуваат шпанските медиуми, навивачите на Спартак запонале тепачка, која набргу ескалирала бидејќи тие користеле шишиња, факели, камења, палки…
Центарот на градот бил целосно демолиран, а еден полицаец како последица на инфаркт починал.
Во Баскија допатувале околу 1.000 навивачи на Спартак кои ја започнале тешачката, по која полицијата уапсила двајца навивачи на Атлетик и тројца на Спартак.
Спартак на „Сан мамес“ го победи Атлетик Билбао со 2:1, но Баеските одат во осминафиналето бидејќи во Москва славеа со 3.1.
фото/EPA