Официјалниот акаунт на УЕФА Евро 2020 во Санкт Петерсбург мораше да разјасни дека банерот на кој руските фудбалери покажуваат „орел“ нема политичка конотација пред мечот со Србија во Лигата на нации.
Покрај распоредот на натпреварите на Русија, на публикацијата имаше и тројца руски фудбалери, а Фјодор Смолов со рацете прави гест за „орел“, кои некои веднаш го поврзаа со албанскиот национализам по бурниот меч Швајцарија-Србија на СП во Русија во 2018 година.
Фановите пак, забележаа дека се работи за фотографија која се користела пред Светското првенство во 2018 година, а во исто време посочија дека и грбот на Русија има златен двоглав орел, кој исто како и албанскиот орел потекнува од стар византиски и римски симбол.
„Гестот на руските играчи нема политичка конотација. Се работи за интерпретација на рускиот национален грб, кој беше зад Фјодор. Се извинуваме што гестикулацијата е погрешно интерпретирана и немаше намера да се навреди никого“, велат од страницата.
Жест игрока сборной не имеет ничего общего с политической репрезентацией.
Это экспрессивное выказывание на тему герба России, который находится у Федора за спиной. Нам жаль, что появилась такая искаженная интерпретация. Меньше всего мы хотели кого-то оскорбить. Это наша ошибка.— ЕВРО-2020 в Санкт-Петербурге (@euro2020spb) September 3, 2020