Top Sport

Руска работа – мечка стартуваше меч во третата лига (видео)

Мечот од Руската професионална фудбалска лига (РПФЛ), третата по вредност во Русија, помеѓу Машук-КМВ и Ангушт Назран, инаку за 12. место на табелата стартуваше со мечка!

Кафеавата мечка ја предаде топката до судијата, кому очигледно не му беше страв од животното. Покрај тоа, мечката аплаудираше на публиката пред да се тргне од теренот.

Инаку, како да е важно, Ангушт стигна до 3:0 гостинска победа, со што се израмнија на 12. место со Машук-КМВ.

Scroll to Top