Top Sport

Руска работа за Џенаро Гатузо

Џенаро Гатузо може да најде нова работа како треер во Русија, откако Спартак Москва сакаат популарниот „Рино“ да биде вистински наследник на Масимо Карера.

Гатузо е прв избор да го замени португалскиот тренер Руи Виторија, по слабиот старт на сезоната по кој Спартак е на деветтото место на Руската Премиерлига со само 18 поени. Гатузо минатата сезона си замина од Наполи, по што се договори со Фиорентина, пред да си замине две недели подоцна поради несогласувања околу стратегијата за трансфери и Виола го смени со Винченцо Италијано.

Според италијанските медиуми, агентот на Гатузо, Жорге Мендеш преговара со Спартак Москва за тригодишен договор со кој би добивал двојно повисока плата од таа во Наполи.

Спартак имаат искуство со италијански тренери – Карера од 2016 до 2018 година го предводеше Спартак во период во кој во 2016/17 ја освои титулата, а во 2017/18 рускиот Суперкуп.

Scroll to Top