Top Sport

Руски бизнисмен ја стави сопругата на зграда од 12 ката

Рускиот бизнисмен Иван Пантелеев реши да наслика огромен мурал на неговата сопртуга Дарја на 12-катница во квартот Жулебино во Москва.

Пантелеев, чија компанија „Новатек арт“ го доби тендерот за уредување на улиците на Москва пред Светското првенство ја искористил шансата да ја наслика својата русокоса девојка со фудбалска топка во рацете за да „посака добредојде на сите фанови во Русија“.

„Со овој мурал им посакуваме на сите странци добредојде во Русија и им порачуваме да уживаат во фудбалот. Да, точно е дека моделот за овој мурал беше мојата сопруга“, изјави Пантелеев за „Ројтерс“.

Дарја Пантелеева, пак, вели дека на луѓето не треба да им пречи што сопругата на директорот била избрана.

„Кога еден сликар или компанија добива задача на наслика русокоса девојка со топка, зошто не би нацртал некого кого добро го познава“, вели Дарја Пантелеева.

Scroll to Top