Top Sport

Руски фудбалер под истрага поради допинг

Заменик премиерот на Русија Виталиј Мутко рекол дека репрезентативецот Руслан Камболов е под истрага поради допинг.

Мутко за агенцијата Тас рекол дека ФИФА го известила дека против фудбалерот на Рубин Казањ се води истрага.

Камболов во кариерата одиграл два натпревари за Русија, а Мутко изјавил дека случајот „не е поврзан со националниот тим“.

Мутко ист така информирал дека ФИФА води истрага и против поранешниот голман на младата репрезентација, Иван Кузњецов.

„Двајцата ги предадоа доказите, ќе видиме како ќе заврши“, рекол Мутко.

Scroll to Top