Репрезентативецот на Русија и играч на Зенит Александар Кокорин на венчавката на колегата од Крилја Совјетов, Алан Чочиев, си „играл“ со пиштол, пукал во воздух и позирал со оружјето на неколку фотографии.
„Чочиев честитки за женидбата“, викал и пукал во воздух Кокорин.
Додека бил послужуван ручекот на венчавката Кокорин цевката од пиштолот ја ставил на своето лице, а на профилот на Инстаграм објавил фотографија на која позира со два пиштоли.
„Ви благодарам на гостопримството“, напишал покрај фотографијата Кокорин.
Al matrimonio con Aleksandr #Kokorin https://t.co/5NCYmV5MaR
— Chiamarsi Bomber (@ChiamarsiBomber) December 20, 2017
Ниту полицијата ниту Зенит се уште не ги коментирале фотографиите и видеото.
Кокорин е стандарден член на руската репрезентација за која од 2011 година има одиграно 48 натпревари и постигнато 12 гола.