Шпанија гостуваше во Русија каде одигра пријателски натпревар со домаќинот на Светското првенство. Дуелот заврши 3:3, а го обележа повредата на рускиот голман Андреј Лунјов.
Шпанците до реми стигнаа со два гола од пенал, кој ги реализираше Серхио Рамос, а еден гол постигна Жорди Алба. За русите два гола постигна Смолов, а еден Миранчук.
Сепак ефикасниот натпревар мина во сенка на повредата на рускиот голман Лујнов. Шпанскиот напаѓач Родриго во една ситуација не го прескокна голманот, сакаше да изнуди пенал, поради што неговото колено заврши во главата на голманот.
Жуткое столкновение! Здоровья Андрею Луневу #РоссияИспания pic.twitter.com/J4s7fJz8GE
— Спорт-Экспресс (@sportexpress) November 14, 2017
Рускиот голман останал без свест поради што веднаш бил хоспитализиран, каде било констатирано дека има потежок потрес на мозокот.
„Добро е. Андреј е свесен иако се уште не знае каде се наоѓа. Има гадна расекотина на главата“, рекол веднаш по мечот рускиот репрезентативец Александар Кокорин.
¡BUENAS NOTICIAS! Lunev, portero de Rusia, SE ENCUENTRA BIEN tras el CHOQUE con Rodrigo. LO ESTAMOS VIENDO en #ElChiringuitoDeMega pic.twitter.com/L0MLDXX6U6
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 14, 2017