Top Sport

Рутинска победа за Јуве, прв гол во кариерата за Де Шиљо (видео)

Кротоне успеа 90 минути да го исфрустрира Јувентус, но италијанскиот шампион со силен напад успеа да го пробие „бункерот“ преку Марио Манџукиќ, Мехди Бенатија и Матија де Шиљо, кој го постигна првиот гол.

За „бјанконерите“ ова е добредојдено враќање во форма, откако последните два меча освоија само еден поен. Со 81 отсто посед на топката, Јуве беше заглавен на 0:0 во меч во кој Бенедикт Хеведес го доби дебито во Серија А и заврши со крвав нос по судирот со Анте Будимир.

Манџукиќ во 52. минута, конечно, го погоди голот по одличен удар со глава по нафрлањето на Андреа Барѕаљи. Де Шиљо, во својот 173. натпревар во кариерата го постигна првиот гол во кариерата, за на крајот Бенатија да го запечати триумфот.

Јуве е трет во Италија со 34 поени, два помалку од второпласираниот Интер и четири помалку од лидерите Наполи. Со победата Јуве го продолжи својот италијански рекорд од 43 меча со барем еден постигнат гол.

Scroll to Top