Top Sport

Рутински победи на Бразил и Аргентина (Видео)

Фудбалските репрезентации на Бразил и Аргентина забележаа победи над САД, односно Гватемала во пријателските натпревари одиграни во текот на изминатата ноќ.

Бразил во Њу Џерси славеше со 2:0 на САД, додека Аргентина без Лионел Меси ја победи Гватемала со 3:0.

„Селесао“ со два гола во првото полувреме го реши прашањето на победникот во дуелот со САД. Во вториот дел ритамот на играта падна бидејќи бразилскиот селектор Тите изврши шест измени.

Првиот гол го постигна Фирмино во 11.минута,а конечниот резултат го постави Нејмар во 43.минута од пенал.

Бразил на 12.септември, исто така во пријателски меч, ќе му гостува на Салвадор.

Аргентина, со в.д.селекторот Лионел Скалони и неговиот помошник Пабло Аимар, но без Лионел Меси, лесно се справи со Гватемала.

„Гаучосите“ во интервал од 17 минути постигнаа три гола со кои го решија победникот. Серијата на голови ја отвори Гонзало Мартинез, потоа на 2.0 зголеми Ло Селсо, а конечниот резултат го постави Џовани Симеоне во 44.минута. За синот на тренерот на Атлетико Мадрид, ова беше деби гол во дресот на репрезентацијата.

Во преостанатите два натпревари Колумбија ја победи Венецуела со 2:1, а Еквадор со 1:0 ја совлада селекцијата на Јамајка.

Scroll to Top