Шкендија ја совлада Победа 3:0 во првиот натпревар од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Лидерот на табелата лесно се спарви со прилепскиот тим, постигнувајќи два гола во првото и еден во второто полувреме.
Првиот гол е дело на репрезентативецот Радески во деветтата минута, до крајот на првиот дел гол постигна и Емини во 36.минута. По само две минути игра во вториот дел Муслиу го постави конечниот резултат.
Инаку победата на Шкендија можеше да бид еи поубедлива доколку Ибрами во 51.минута го реализираше пеналот.
Шкендија по 22.кола има 56 бода, 14 повеќе од Вардар кој има и натпревар помалку.