Top Sport

Рутински удар со глава и повреда на вратот, правец – болница (видео)

Дерби дуелот во швајцарското првенство меѓу Базел и Сент Гален заврши без голови, а најголемите возбудувања на мечот се случија при крајот на првото полувреме.

Левиот бек на домашната екипа, Италијанецот Раул Петрета рутински удри со глава една висока топка, по што се фати за вратот и заврши на тревникот.

Лекарската екипа брзо реагираше, успеа да го одржи во свест и со амбулантно возило фудбалерот беше одведен во најблиската болница.

По долгиот прекин, мечот продолжи. Информациите поврзани за Петрета се дека доживеал потешка повреда на вратот.

Еве како изгледaло сето тоа:

Scroll to Top