Top Sport

Сѐ е можно на „Бернабеу“ – Реал-Баерн 1:1 по првите 45 минути (видео)

Сите опции се отворени за Реал Мадрид и за Баерн Минхен во последните 45 минути од нивниот двобој, откако првото полувреме на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 1:1.

Баерн има негатива од 1:2 од првиот меч, така што не изненадува нивниот напаѓачки фудбал, кој вроди плод уште во 3. минута кога Џошуа Кимих ја искористи грешката на капитенот на Реал, Серхио Рамос за да донесе водство, кое сепак, не значеше пласман понатаму.

Да биде мечот поинтересен се потруди честопати критикуваниот Карим Бензема, кој одлично се позиционираше за по двете долги додавања на Ковачиќ и Марсело да ја затресе мрежата на Улрајх во 11. минута.

Двата тима играа атрактивно и израмнето со неколку шанси на двете страни до крајот на полувремето, oд која најопасна беше таа на Хамес Родригез, кој имаше шанса која беше потешко да се промаши.

Остануваат уште 45 минути (доколку не заврши 1:2 па да гледаме продолженија), за да се одреди првиот патник во големото финале во Киев. Засега Реал е поблиску според резултатот, но еден гол може да смени сѐ.

Scroll to Top