Top Sport

Садио Мане веднаш стана херој на навивачите на Баерн

Навивачите на Баерн Минхен, очигледно, веќе заборавија на Роберт Левандовски и имаат нов херој во Садио Мане, откако поранешната ѕвезда на Ливерпул не само што постигна гол во импресивната 1:6 победа на гости кај Ајнтрахт Франкфурт на отварањето на бундеслигашката сезона, туку реши да ја прослави победата со своите навивчи.

Додека неговите соиграчи делеа аплаузи на гостинските фанови, Мане реши да скокне во публиката и дури да добие мегафон за да продолжи да навива со нив.

Што ли ќе се случи на „Алијанц арената“ кога ќе се освои некој трофеј?

Scroll to Top