Откако изгледаше дека сигурно нема да има договор, Челси направија прогрес во преговорите со Рома за трансфер на Един Џеко и Емерсон Палмиери на „Стемфорд бриџ“, тврди „Скај Италија“.
Во петокот во Англија се појавија шпекулации дека Џеко нема да го направи трансферот во Челси поради високата отштета што ја бараа од италијанскиот тим, но од „Скај Италија“ тврдат дека имало прогрес и дека во текот на викендот ќе има договор.
Челси сега нудат 50 милиони евра плус 6 милиони евра во бонуси, од кои 30 милиони се за Џеко, но „волчицата“ не е задоволна и од оваа понуда. Шампионот од Премиер лигата е подготвен да му даде на Џеко договор од 5.5 милиони евра годишно, во споредба со 4.5 милиони евра кои ги заработува во Рома.