Top Sport

Сагата продолжува: Гризман ќе заврши во ПСЖ?

Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид. Тоа е единствено што е сигурно кога е во прашање иднината на францускиот репрезентативец. Она што е непознато е неговата следна дестинација.

Антоан Гризман минатата и оваа сезона најчесто се поврзува со Барселона, иако постојат и други клубот што се заинтересирани за неговите услуги.

Во неделата весникот „Спорт“ чие седиште е во Барселона, објави дека Гризман својата кариера ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен. Францускиот клуб е подготвен да му даде поголема плата од онаа што му ја нудат во Барселона.

Исто така, според некои шпекулации, ПСЖ биле подготвени да платат за Гризман и во Мадрид да го испратат Единсон Квавани.

Фудбалерот вчера, пред мечот Турција-Франција, изјавил дека тој знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Scroll to Top