Top Sport

Сака дрес од Меси, инспирација му е Роналдињо

Фудбалерот на Манчестер сити Рахим Стерлинг рекол дека својата колекција на дресови би сакал да ја збогати со дрес на Лионел Меси. Стерлинг признал дека досега собрал многу дресови кои ќе ги изложи во својот дом кога ќе ја заврши кариерата.

„Постои само еден дрес кој навистина би сакал да го имам. Тоа е дресот на Меси. Кога игравме со Барселона го добив дресот на Најемар. Тоа беше прв дрес што некогаш сум го побарал. Кога ќе ја завршам кариерата ќе ги избреам они што ми се најдраги и ќе ги изложам во собата со трофеи“, рекол Стерлинг.

Иако сака да има дрес од Меси, Стерлинг признава дека еден друг фудбалер на Барселона му бил инспирација.

„Роналдињо. На интернет го имам прегледано секој негов клип. Се обидував да го имитирам секој негов потег. Посебен фудбалер“.

Рахим Стерлинг има договор со Манчестер сити до 30 јуни 2023 година. Клубот му нуди нов договор со неделна плата од 400.000 фунти.

Scroll to Top