Ајакс и Јувентус ќе бидат ривали во четврт-финалето во Лигата на шампионите, откако двата тима в претходната рунда направија неверојатни пресврти. Ова ќе биде прво соочување на овие тимови во европските купови, по финалето што го одиграат во Лигата на шампионите во 1996 година.
Во пресрет на првиот натпревар во Амстердам, многу „прашина“ крена изјавата на Давид Ендт, инаку тим менаџер на Ајакс во периодот 1997-2013.
„Јувебтус е фаворит, но борбениот дух на Ајакс се е можно“, рекол Ендт за радиото „Кис Кис“ и дополнил.
„А има и нешто друго…Се работи за одмазда, така би го нарекол тоа. Кога ќе размислам се работи за вистина, во 1996 година го игравме финалето во ЛШ против Јувентус, чии играчи веројатно играа под допинг. Никој не ја знае вистината. Поради тоа гориме. Тоа е причина повеќе, со должна почит кон Јувентус, за да ги елиминираме“.
Јувентус во 1996 година ја освоија последната титула во ЛШ, а Ајакс од таа година ме играле во ниту едно финале. Јувентус по 1996 година ги губеше финалните натпревари во 1997, 1998, 2003, 2015 и 2017 година.
Финалето во 1996 се одигра во Торино. По 90 минути игра и продолженијата мечот заврши 1:1. Фабрицио Раванели во 13 минута бил стрелец за Јувантус, а Јари Литмане во 41 минута за Ајакс.
Во пенал серијата за Јуве постигнале гол Ферара, Песото, Падовано и Југовиќ, а за Ајакс стрелци биле Литмане и Шолтен, додека непрецизни биле Силој и Давидс.