Најскапиот светски фудбалер, Нејмар, по само една сезона би можел да го напушти ПСЖ. Бразилецот за кого францускиот шампион минатото лето на Барселона и плати 222 милиони евра, наводно сака трансфер во мадридски Реал.
Нејмар и неговиот татко се ненаситни кога се работи за парите. Тоа го покажаа кога од Сантос напаѓачот замина во Барселона, истите мотиви ги имаа и минатото лето кога тоја замина од „Ноу Камп“, парите ќе го имаат главниот збор и доколку замине, односно остане во ПСЖ.
Мадридски Реал, според шпанските медиуми веќе започнал со „операцијата Нејмар“, неговиот татко веќе го известил клубот дека неговиот син бара трансфер, откако претходно побарал поголема плата.
Информацијата дека тој сака поголема плата влегла и во соблекувалната на ПСЖ, која од почетоко не го прифати Нејмар онака како што треба.
„Ако пара повеќе пари тогаш нека игра сам со себе“, рекол францускиот репрезентативец Адриен Рабио.