Top Sport

„Сакав да го донесам Меси во Јувентус“

Славниот италијански тренер, Фабио Капело, признал дека се воодушевил кога прв пат на фудбалскиот терен го видел Лионел Меси.

Капело говорел пред големото дерби на Италија помеѓу Интер и Јувентус. Интер се лидери со максимален учинок и 18 бода, два повеќе од Јувентус.

„Очекувам интересен натпревар. Верувам дека ќе биде решен на средината од теренот, важно е кој ќе ја добие битката на тој дел од теренот. Интер досега немаа достојни противници. Играа против Милан, но тоа не е тим што може да им направи проблеми“, рекол 73 годишниот Капело.

Интер синоќа загубија од Барселона (2:1) во Лигата на шампионите. На овој натпревар во тимот на Барселона се врати Лионел Меси.

„Прв пат го гледав Меси кога имаше 16 години. Кога излезе на теренот публиката беше во делириум. Го прашав Рајкард дали можам да го земам Меси на позајмица во Јувентус. Барселона тогаш имаа проблем со тројца играчи што беа надвор од Европската унија…Тој ми кажа дека Барселона ќе направат се за да го решат тој проблем со Меси“, завршил поранешниот тренер на Јувентус.

Scroll to Top