Top Sport

Саки: Маурицио Сари направи „ремек дело“ со Наполи

Легендарниот италијански тренер Ариго Саки пред италијанското дерби меѓу Јувентус и Наполи не штедеше пофални зборови за тренерот на „партенопеи“, Маурицио Сари, велејќи дека без разлика на тоа кој ќе ја освои титулата, Наполи победиле, бидејќи нивната игра ќе се памети.

Наполи заостануваат четири поени зад „бјанконерите“ на второто место во Серија А, но оваа разлика може да биде намалена на само поен со победа во Торино во недела навечер.

„Тоа е судир на клуб со финансиска моќ на Јувентус, кои го купија најдобриот играч на Наполи, Гонзало Игуаин, но имаат и силен тим и талентиран тренер во Макс Алегри. Од другата страна се Наполи, кои немаат историја на профит како Јувентус и кои го загубија најдобриот играч. Тоа што го направи Сари во Наполи е ремек-дело. Тој им даде стил на игра и прави нешто неверојатно. Со таа брзина на играта, стигнаа до четири поени од тимот кој има играчи од 40 милиони евра кои седат на клупата. Наполи играат интернационален фудбал и за тоа ќе бидат запаметени подолго од тимот на Марадона“, вели Саки.

Фото: ЕПА

Scroll to Top