Top Sport

Салах даде гол по 52 секунди во игра, Ливерпул го победи младиот тим на Манчестер сити (видео)

Садио Мане со гол од пенал во судиското продолжение донесе кам-бек 2:1 победа на Ливерпул над младиот тим на Манчестер сити во Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) во Њу Џерси.

По прво полувреме без голови, мечот стана интересен на почетокот на второто, кога Лирој Сане донесе водство за шампионите од Премиер лигата во 57. минута. Потоа се покажа важноста на египетската суперѕвезда, Мо Салах, кој во вториот допир со топката и само 52 секунди по влегувањето во игра со глава постигна гол за израмнување во 63. минута. Египќанецот беше блиску до втор гол во финишот на натпреварот, но неговиот удар прво беше одбранат, а вториот обид заврши во пречката.

Сепак, „црвените“ стигнаа до победа кога Доминик Соланки беше фаулиран во шестнасетникот, а Мане успеа да го совлада Џо Харт. Со оваа победа, Пеп Гвардиола има четири натпревари без победа против Ливерпул, иако овојпат во составот недостасуваа голем број на фудбалери кои настапуваа на СП во Русија.

Scroll to Top