Top Sport

Салах донесе победа на Египет во 90. минута! (видео)

Мохамед Салах покажа фантастична смиреност и постигна гол во 90-тата минута за на Египет да им донесе тешка 3:2 победа над Тунис во квалификациски меч за Африканскиот куп на нации.

Ова е слатка одмазда на „фараоните“, бидејќи досега во пет кола Египет има само еден пораз, гостинскиот од 1:0 токму од Тунис.

Тунис поведе во 13. минута преку Наим Слити, но до крајот на полувремето, Египет се врати со голот на Трезеге во 60. минута. Бахер Ел Мохамади направи целосен пресврт со голот во 6—тата минута, пред Фудбалерот на Дижон, Слити да израмни на 2:2. Кога се сметаше дека Египет ќе мора да се задоволи со реми, на сцена стапи Салах со голот во 90-тата минута.

Scroll to Top