Ѕвездата на Ливерпул и на египетската репрезентација, Мохамед Салах е добитник на наградата за најдобар африкански фудбалер за 2017 година според „Би-би-си“.
25-годишниот Салах ги победи клупскиот колега Садио Мане, Пјер-Емерик Обамејанг, Наби Кеита и Виктор Мозес за титулата.
„Благодарен сум за наградата, која ми носи прекрасни чувства. Благодарам на сите, на моите соиграчи и на луѓето во Ливерпул кои ми помогнаа да се вклопам во тимот. Лани имав добра сезона со Рома, така што морам да им се заблагодарам и на тие играчи, како и на моите египетски колеги“, изјави Салах.
Салах го предводеше Египет до Светското првенство во Русија во 2018 година, а постигна и неверојатни 19 гола во својата прва сезона со Ливерпул. Салах во моментов е најдобриот стрелец во Премиер лигата со 13 голови, а исто така учествуваше во сите седум гола (пет гола и две асистенции) со кои Египет се квалификуваше на првото СП од 1990 година.
Mo and Jürgen’s delight at Salah being named the BBC African Footballer of the Year! ? pic.twitter.com/Ks3BB1Nbi3
— Liverpool FC (@LFC) December 11, 2017