Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Ахмет Мегахед денеска рече дека напаѓачот Мохамед Салах повторно ќе ги праша во Ливерпул да го пуштат да игра за својата репрезентација на претстојните Олимписки игри во Токио, откако првото барање „црвените“ му го одбија.
„Скај“ пренесе дека Ливерпул ќе го пушти Салах да настапи за Египет на Купот на африканските нации идниот јануари, па затоа не сакаат тој да отсуствува од подготовките пред сезоната во ПЛ која започнува на 13. август.
Правилата на ФИФА се јасни – клубовите немаат обврска да ги пуштат играчите на ОИ.
Ливерпул подготовките за новата сезона ќе ги почнат на 12 јули.