Мохамед Салах ги налути луѓето во Ливерпул. Египќанецот, во интервју за „Марка“, рекол дека еден ден би сакал да заигра во шпанската Ла Лига. Слични изјави, Салах давал и во минатото, но менаџерот Јирген Клоп и неговите соработници, сметале дека оваа изјава доаѓа во лош момент, бидејќи за осум дена Ливерпул ќе игра против Реал, во Лигата на шампионите.
Изјавата на Салах, медиумите во Англија, ја толкуваат како дел од стратегијата на фудбалерот да ги натера челниците на Ливерпул да го продадат во летниот преоден рок.
Мохамед Салах има договор со Ливерпул до јуни 2023 година.