Top Sport

Салах и Алисон за нови три бода на Ливерпул (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Брајтон со 1:0 во последниот меч од саботната програма, во Премиер лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах во 23.минута.

Ливерпул од почетокот наметна висок ритам, силно притисна кон голот на Брајтон, а иницијативата ја материјализираше во 23.минута, кога Салах постигна гол по додавањето од Роберто Фирмино.

До крајот на мечот Ливерпул ја контролираше играта, напаѓаше, иако Брајтон имаше неколку опасни закани.

Шансата на мечот ја имашр играчот на Брајтон Грос во 89.минута, но неговиот удар со глава со брилијантна интервенција го одбрани Алисон Бекер.

Ливерпул по три кола има максимален учинок и е единствениот тим во лигата без примен гол.

Scroll to Top