Top Sport

Салах и Фирмино ја пропуштаат Барселона

Мохамед Салах и Роберто Фирмино ќе го пропуштат полу-финалниот реванш против Барселона на „Енфилд“. Шпанскиот првак во Ливерпул ќе донесе голема предност од 3:0, по првиот меч одигран минатата среда во Барселона.

Лошите вести на навивачите на Ливерпул им ги соопшти тренерот Јирген Клоп на денешната прес конференција.

„Не, Салах нема да го пропушти дуелот поради претпазливост, туку поради тоа што имаше потрес на мозокот против Њукасл. Според правилата на лекарите Салах не смее да игра и тој нема да игра утре против Барселона. Нема да игра ниту Роберто Фирмино“, рекол Клоп.

Германскиот тренер без двајцата главни напаѓачи сепак се надева дека неговите играчи можат да направат чудо во реваншот.

„Како ќе му пристапиме на натпреврот? Ќе се обидеме да победиме, тоа има некаков смисла, нели? Ситуацијата не идеална. Не можеш да играш против Барселона и да му кажеш на светот: ‘гледајте го ова’. Ќе се обидеме да победиме и доколку ни остават и малку простор за пласман во финалето ќе дадеме се од себе за да го искористиме тоа“, завршил Клоп.

Scroll to Top