Мохамед Салах вети дека „ќе биде подобро“ во Ливерпул, во сезоната во која тимот на Јирген Клоп ќе се обиде да спаси нешто од проблематичната сезона 2020/21.
„Црвените“ ја почнаа сезоната како актуелни шампиони во Премиер лигата и со аура на непобедливост во Англија, но низата повреди ги нарушија овие планови, и сега останува несигурно дали ќе се обезбеди топ 4 пласман, иако уште е можна слава во Лигата на шампионите, каде што во четврт-финалето играат со Реал Мадрид.
„Тешко е за сите нас поради ситуацијата низ која поминавме и позицијата во Премиер лигата, но имам верба дека ќе биде многу подобро. Во Лигата на шампионтие ни оди добро. Не сакам да зборувам за мојата сезона, бидејќи играме како филм, но треба да продолжиме и да победуваме на што е можно повеќе мечеви“, вели Салах откако беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул во февруари.