Top Sport

Салах ќе добие поголема плата

Фудбалскиот клуб Ливерпул ќе се обиде да го задржи Мохамед Салах. Вчера поранешен соиграч и добар пријател на Салах изјави дека тој ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Салах се налутил бидејќи не бил капитен на натпреварот со Митјиланд, во последното коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Напаѓачот во минатото коло дуелот со Кристал Палас, го започна на клупата на резерви. Играше во вториот дел и постигна два гола, во победата 7:0.

Ливерпул биле подготвени да му ја зголемат платата на Салах. Египѓанецот според актуелниот договорот, неделно заработува 200.000 фунти.

Scroll to Top