Top Sport

Салах не си оди ова лето, но ќе размисли следната година

Мохамед Салах ги одбил рекордните понуди од над 150 милиони фунти за трансфер надвор од Ливерпул, бидејќи Египќанецот сметал дека е погрешно да си замине од „црвените“ по титулата во Лигата на шампионите, јавува британскиот „Мирор“.

Сепак, на „Енфилд“ се внимателни, бидејќи тој најавил дека ќе ја разгледа неговата ситуација следната сезона, откако оваа година се верува дека Реал Мадрид и Јувентус ги дале рекордните понуди.

Салах, кој има 71 гол во само 104 натпревари за Ливерпул, откако помогна Ливерпул да го освои трофејот од ЛШ во Мадрид стана херој на „Енфилд“ и не сакал да ја „расипе“ атмосферата во клубот по големиот успех. На Јирген Клоп му  јасно дека околу 26-годишниот Салах има многу шпекулации, но сака со него да се обиде по 30 години да ја освои Премиер лигата за славниот клуб од Ливерпул.

Scroll to Top