Ливерпул не смеат да си дозволат да мислат дека веќе ја имаат титулата од Премиер лигата во јануари, предупреди Мохамед Салах, откако Египќанецот, конечно, постигна гол против Манчестер јунајтед при 2:0 победата на „Енфилд“ за да бегаат пред Манчестер сити фантастични 16 поени.
Салах вели дека навивачите и фудбалерите треба да бидат внимателни.
„Мислам дека мораме да продолжиме како досега, и да се фокусираме на секој нареден натпревар. Не, никако не смееме да мислиме дека веќе сме шампиони. Лани исто така имавме проблематичен дел од сезоната и затоа е потребна смиреност“, вели Салах.
Со него се согласува и капитенот Џордан Хендерсон.
„Има уште многу натпревари. Досега работевме на основа на еден меч по друг, така што нема потреба ништо да се менува“, изјави Хендерсон.