Top Sport

Салах со покер го „здроби“ Ватфорд (видео)

Мо Салах уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, откако ги предводеше Ливерпул со четири гола до 5:0 победа над Ватфорд на „Енфилд“ за „црвените“ да се доближат на само два поени од второпласираниот Манчестер јунајтед во Премиер лигата.

Египетскиот магионичар го реши победникот на мечот во првото полувреме, откако стрелаше во четвртата и во 43. минута, а во второто полувреме, откако Роберто Фирмино на почетокот зголеми на 3:0, Салах додаде голови во 77. и 85. минута за навистина импресивна победа на деморализираните противници.

Ова беше прв хет-трик на Салах и на еден египетски фудбалер во Премиер лигата, и противниците на Египет на Светското првенство во Русија треба да се плашат.

Scroll to Top