Ѕвездата на Ливерпул и египетската репрезентација, Мохамед Салах очигледно реши да се „лечи“ од зависноста од социјалните мрежи, откако ги избриша своите официјални Фејсбук, Твитер и Инстаграм акаунти откако претходно објави една чудна порака.
Пред да се „ослободи“ од Твитер, тој очигледно утврди дека има новогодишна желба која сака да му се оствари во 2019.
„Одлука за 2019: Време е да се да се контактира, но овојпат вистински“, напиша Салах.
Дали Салах решил наместо на социјалните мрежи да се посвети на фудбалот, тоа е само добра вест за навивачите на Ливерпул, меѓутоа може да има и попрактична примена – Салах подолго време е во конфликт со Египетската фудбалска федерација околу нивното користење на неговиот лик.
Од друга страна, некои сметаат дека ова е само за да се зголеми вредност на директната комуникација , а не таа преку компјутерските и телефонските екрани.
Фото: ЕПА/Твитер